Вчера во Скопје ненадејно почина Јован Ристов, основачот и прв директор на Управата за заштита на културното наследство.
Ристов беше истакнат правник што се бореше за заштита на културното наследство. Беше основач и прв директор на Управата за заштита на културното наследство, а во текот на кариерата работеше и во Националниот конзерваторски центар на Македонија, како и еден од најистакнатите членови на Македонскиот национален комитет на Синиот штит.
Автор е на повеќе книги за споменичното право и за заштитата на културното наследство во Македонија.
Почина на 69 годишна возраст, а неговите посмртни останки ќе бидат изложени денеска (петок, 7 декември) од 13 до 14 часот во капелата на Градските гробишта Бутел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.