На 89-годишна возраст почина големиот француски и светски кинематографер Пјер Лом (Pierre Lhomme), кој беше лауреат на Златна камера 300 за животно дело 38. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во 2017 година.
Пјер Лом е легенда на француската и европската кинематографија, работел со американскиот режисер Џејмс Ајвори, со кого има снимено четири, многу важни филмови за неговото творештво.
Во неговата 40-годишна кариера тој ги има снимено некои од ремек-делата на француската кинематографија, вклучувајќи го и филмот „Сирано де Бержерак“. Но и еден од најкултните филмови на сценаристот и режисер Жан-Пјер Мелвил, „Армија од сенки“ (1969).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.