Синоќа ненадејно почина доајенот на македонското музичко новинарство Димитар Чемков-Циме.
Роден е на 2-ри февруари 1942 та година. 37 години како музички новинар и уредник беше дел од музичката редакција на Македонско Радио – Радио Скопје и водител на популарни емисии меѓу кои: „Поп албум“, „Поп контакт“, „Поп телекс“, „Најдоброто од …“.
Музички критичар, рецензент и коментатор на многу музички настани и фестивали како што се: „Скопски забавен фестивал“, „Избор за песна на Евровизија“ , „Макфест“, „Евро фест“, „Скопски џез фестивал“, „Цветници“, „Валандово“, „Охрид фест“ и други.
Автор на 70-на забавни и новосоздадени фолклорни композиции и член на двете најпопуларни рок групи во 60-те, „Бисери“ и „Биз-Бес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.