Познатиот британски писател на криминални и шпионски романи Џон ле Каре (89) почина вчера од пневмонија, пренесува Би-Би-Си.
Ле Каре е роден во 1931 година, а се школувал на универзитетите во Берн и Оксфорд, а после тоа поминал пет години во воена служба во странство. Познавањето на материјата, со која тој воодушевува, всушност се должи на оперативните процедури на британската служба, на која тој самиот им припаѓал во помладите години.
За време на раните 1960-ти, Ле Каре започна да пишува дела за британската шпионажа. Неговото прво дело, „Повик за мртвите“ (1961) нè запознава со Џорџ Смајли, паметен, постар детектив, кој се појавува во многу од подоцнежните романи на Ле Каре.
Критички и популарни реакции на третиот роман на Ле Каре, „Шпионот кој излезе од студот“ (1963) го убеди да работи како писател со полно работно време. Овој роман му ја донесе и на Ле Каре престижната награда Сомерсет Могам. Следуваа многу трилери, вклучително и популарната трилогија – „Момче, дама, крал, шпион“ (1974), „Совршениот ученик“ (1977) и „Луѓето на Смајли“ (1980) – во кои Смајли се бори против советската разузнавачка агенција.
„Момчето, дамата, кралот, шпионот“ и „Луѓето на Смајли“, како и подоцнежниот роман „Совршен шпион“ (1986) беа екранизиани во телевизиски серии.
„Малата тапанарка“ (1983), кој зборува за конфликтот на Блискиот исток и „Руската куќа“ (1989), се претворени во многу популарни филмови.
Романите на Ле Каре се сметаат за реални описи на политичката клима за време на Студената војна, периодот помеѓу Втората светска војна и раните 90-ти.
Трите подоцнежни романи – „Тајниот аџија“ (1991), „Ноќниот менаџер“ (1993) и „Нашата игра“ (1995) – ја покажаа намерата на Ле Каре да продолжи да пишува за ликовите и времето на шпионажа и покрај распадот на комунизмот и крајот на Студената војна. Но, следната година доаѓа „Кројачот од Панама“ (1996) во кој тој целосно ги смени и ликовите и формата на корупција: во романот, злите луѓе сакаат да го сменат Договорот за панамскиот канал.
„Грижливиот градинар“ (2001) е сместен во центарот на политичкиот конфликт во Кенија во кој средовечен британски дипломат трага по убиецот на неговата сопруга, активист за човекови права.
И двата филма направени според книгите беа вистински хитови.
Тој се врати во шпионскиот роман со романот „Апсолутни пријатели“ (2004), кој се одвива во светот на меѓународната политика по 11септември 2001 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.