Познатата македонската актерка Сабина Ајрула Тозија по долго и тешко боледување почина на 75 годишна возраст. Ајрула Тозија беше член на ансамблот на Драмски театар.

По­во­зрас­ни­те најм­но­гу ја па­ме­тат ка­ко Фа­ти­ме од прет­ста­ва­та „Со­лун­ски па­тр­дии“, ка­де што ја има­ше ле­ген­дар­на­та „Кој ме­не ви­ка­ла“, а во последните години гледачите ја пре­поз­на­ва­ ка­ко мај­ка­та по мле­ко на Су­леј­ман Ве­ли­ченс­тве­ни­от. Оваа ме­га­по­пу­лар­на ви­со­ко­бу­џет­на те­ле­ви­зи­ска тур­ска се­ри­ја е ед­на од најг­ле­да­ни­те се­рии во 50 зем­ји во све­тот, а во неа Ајрула имаше за­бе­ле­жи­тел­на уло­га.

И пред „Ве­ли­ченс­тве­ни­от“ Ајру­ла бе­ше до­вол­но поз­на­та актер­ка. Мно­гу­ми­на ќе се сог­ла­сат де­ка оди­гра ма­е­страл­на уло­га во „Сен­ки“ ка­де што ја глу­ми ле­кар­ка­та Ве­ра Пер­ко­ва. Тие што са­ка­ат ко­ме­дии ја па­ме­тат и ка­ко Гроз­да во „Са­лон Хар­мо­ни“, во 1996 го­ди­на ја до­би на­гра­да­та „Кли­мент Охрид­ски“, а иста­та го­ди­на ја до­би и на­гра­да­та за нај­до­бра актер­ка бла­го­да­ре­ние на Агнеса, за прет­ста­ва­та „Игран­ка во вре­ме­то на Лу­на­са“. Со таа прет­ста­ва Ајрула имаше го­ле­мо вра­ќа­ње на сце­на­та. Играа че­ти­ри актер­ки на иста во­зраст : Ајрула, Мај­да Ту­шар, Сне­жа­на Ста­ме­ска, Лен­че Де­ло­ва и Звездана Ан­ге­лов­ска, ко­ја ја глу­ме­ше најм­ла­да­та се­стра.

За акте­ри­те е важ­но да ја са­ка­ат се­ко­ја уло­га што ја игра­ат. Јас се­ко­гаш го бра­нам до крај ли­кот во прет­ста­ва­та што ја играм. Ја играв „Гер­тру­да“ во Хам­лет, играв во дра­ма на Иб­зен, мно­гу ја са­кав уло­га­та на Ана, тоа бе­ше ед­на ма­ла уло­га, но за ме­не мно­гу зна­чај­на, по­тоа Вар­ја во Че­хов, но са­ка­ла јас или не, уло­га­та на Фа­ти­ме во „Со­лун­ски па­тр­дии“ е таа по ко­ја си­те ме пре­поз­на­ва­ат. Тоа е прет­ста­ва, ко­ја ја гле­даа по­ве­ќе ге­не­ра­ции. Тоа е култ­на прет­ста­ва. Се­кој те­а­тар има ед­на та­ква. Од дру­га стра­на, среќ­на сум што сум игра­ла во си­те прет­ста­ви на Драм­ски те­а­тар, кои до­жи­ве­а­ле по­ве­ќе 100 из­вед­би. Тоа е сре­ќа, но и прет­ста­ви­те беа до­бри. Играв во „Бол­ва во уво“, „Ри­бар­ски ка­ра­ни­ци“, „Ја­не За­дро­газ“ – изјави Ајру­ла во интервју за неделникот „Република“ во 2014 година.

Тогаш ре­дак­ци­ја­та на „Ре­пуб­ли­ка“ ја из­бра Ајру­ла во пет­те најз­на­чај­ни лич­но­сти и на­ста­ни што се на­ши, ма­ке­дон­ски, а свет­ски, од­нос­но ус­пе­хот што го по­стиг­на­ле со сво­ја­та ра­бо­та оста­вил бе­лег над­вор од на­ши­те гра­ни­ци.

Освен на театарските сцени, активна е на телевизија и филм: „Итрата вдовица“ (ТВ филм, 1969), „Жед“, „Јад“, „Исправи се Делфина“, „Оловна бригада“, „Црвениот коњ“, „Јазол“, „Тетовирање“, „Ангели на отпад“, „Сенки“. Играла и во телевизиските серии „Илинден“ (1982), „На наш начин“, „Солунски патрдии“, „Трето доба“, „Салон Хармони“ (1998). Во последните неколку години играше во ТВ-сериите од македонска продукција „Фамилијата Марковски“, „Зоки Поки“.

Освен на матичната сцена играла во скоро сите македонски театри, како и во повеќе независни театарски продукции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.