На 90-годишна возраст, денеска во Скопје почина академик Георги Старделов. Старделов во периодот пред Нова година претрпел срцев удар.
Георги Старделов е македонски естетичар, есеист, литературен критичар, теоретичар и академик.
Тој е роден во 1930 г. во Гевгелија. Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Докторирал по филозофски науки во 1965 година. Беше професор на Филозофскиот факултет во Скопје (1956-1966), негов декан (1975-1977), прв декан на интердисциплинарните студии по новинарство (1977-1981), претседател на Друштвото на писателите на Македонија и претседател на Македонскиот ПЕН центар.
За член на МАНУ беше избран во 1986 година. Во периодот од 2000 до 2004 година беше потпретседател на МАНУ, а од 1 јануари 2008 година и претседател на Академијата.
Во МАНУ, од 1993 година го раководеше проектот „Историја на културата на Македонија“, од кој во негова редакција беа издадени 20 тома.
Беше член на редакцијата на списанието за литература, култура и уметност „Современост“.
Старделов беше плоден научен работник во повеќе дисциплини: филозофија, историја, естетика, теорија и социологија на културата и уметноста, историја на литературата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.