Влада Урошевиќ е магистрална фигура на македонската книжевност, полиграф кој постави високи стандарди во нашата книжевна реч и повлече изохипси кои не се надминати во поезијата, прозата и есејот. Урошевиќ е клучна фигура без која не може да се замислат модернитетот и постмодернитетот на македонската поезија, особено преку неговиот интерес за севкупните поетски светски искуства, специјално од симболизмот до надреализмот и авангардата. Без него македонската поезија ја губи својата космичка димензија и дослухот со европскиот поетски сензибилитет. Урошевиќ е поет кој е можеби најмногу, од сите македонски поети, свртен не само кон македонската, туку кон светската поетска традиција. Тој е и татко на македонскиот модернистички расказ, особено облагороден со аурата на фантастиката, хипносот и потсвеста. Урошевиќ е предок и на постмодерниот македонски расказ и роман, а со последните романи остварува специфична хибридна поетика карактеристична за највредните светски прозни остварувања. Урошевиќ е и загадочен есеист од галаксијата на Борхес, што сѐ заедно, од него прави носечки столб на македонскиот книежевен пантеон денес, стои во образложението на одлуката на Комисијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.