Во Музеј на Град Скопје, вечерва (2 јули) во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Што би се случило ако? Изборот да се изгради алтернативна иднина“, во склоп на проектот CreArt. Network of Cities for Artistic Creation, поддржан од „Креативна Европа“.
На изложбата во организација на Град Скопје и Музеј на град Скопје ќе бидат изложени дела на 15 интернационални уметници – кои беа селектирани на отворен конкурс од кураторот Пјетро дела Џустина и неговиот асистент, Лука Џенати.
Оваа изложба веќе беше претставена во Авеиро, Португалија и Џенова,Италија кои се дел од мрежата на градови во проектот КреАрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.