Славниот тенор Пласидо Доминго (78) поднесе оставка на местото генерален директор на операта во Лос Анџелес по повеќекратните обвинувања за сексуално вознемирување. Доминго изјави дека поради таквите наоди веќе не е во состојба да ја врши функцијата на која е од 2003 година.
И славната опера „Метрополитен“ во Њујорк претходно му откажа соработка на славниот тенор откако над 20 жени го обвинија за сексуално вознемирување пред три децении. Доминго требаше да ја отвoри сезоната со настапот во „Макбет“ на Верди.
Наводите дека Доминго вознемирувал повеќе жени вклучуваат непосакувано допирање, упорно барање на приватни средби, телефонски повици доцна во ноќта и ненадејни обиди да ги бакне во уста.
Претходно две оперски куќи, во Филаделфија и Сан Франциско, по обвинувањата ги откажаа настапите на Доминго. Неговата матична куќа, операта во Лос Анџелес каде од 2003 година е генерален директор води сопствена истрага за наводите.
Операта Далас објави дека го откажува Гала настанот во март 2020, во чии рамки требаше да настапува и Доминго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.