Музејот на раскинати врски го создале Олинка Виштица и Дражен Грубишиќ од Хрватска, кои откако ја прекинале нивната љубовна врска решиле да ги изложат оние предмети што ги потсетуваат на нивното заедничко минато.

Во рамките на одбележувањето на Денот на уметноста, кој МКЦ години наназад традиционално го прославува со голем хепенинг на 17 јануари насловен како „Роденден“, по цели 11 години повторно во Скопје доаѓа Музејот на раскинати врски.

Колекцијата на музејот веќе ја имаат видено илјадници луѓе низ светот, а благодарение на тоа, музејот доби свои простори со редовни поставки во Загреб и во Лос Анџелес. Порталот http://www.travelnerd.com го вброи меѓу 10-те светски најчудни музеи, а во 2011 музејот ја доби и наградата Kenneth Hudson за најиновативен музеј во Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.