50.000 граѓани вчера присуствуваа на свеченоста која во Пловдив го означи преземањето на титулата Европски град на културата.

Оваа година, во Пловдив се планирани околу 350 културни настани, вклучувајќи ја изложбата што ќе содржи делови од Берлинскиот ѕид, со што ќе се одбележат три децении од неговиот пад.

-Ова ќе биде пресвртна точка за Пловдив. Се подготвувавме четири години за овие настани. Сигурна сум дека после ова, Пловдив веќе нема да биде ист, изјави уметничката директорка на „Пловдив 2019“, Светлана Кујумџиева.

Заедно со Пловдив, оваа година европски град на културата е и италијанскиот град Матера.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.