Скопскиот џез фестивал, Офф-Фест, Здраво млади, фестивалот 103 генерации на „Стотројка“ не се поддржани од Министерството за култура поради нецелосни пријави, изјавил за СДК.мк Плеурат Гаши, претседател на комисијата за фолклорна и музичко-сценско дејност.

Министерството денес ги објави нецелосните резултати од Годишната програма за национален интерес во културата, кои на неколку пати во текот на денот се ажурираа.

Со полна одговорност ви кажувам дека сите тие фестивали кои ги спомнавте не се поддржани затоа што им недостигаа основни документи кои им беа наложени во конкурсот. Јас ги конктактирав сите и побарав од нив програма, побарав изјави за простори и изјави од учесници, но тие останаа глуви во моите настојувања. Имаат простор за жалба оти сите овие не се отфрлени, туку се одбиени од горенаведените причини. Не сакав да не се поддржат. Не дај Боже!, ни рече Гаши.

 

Целиот текст на СДК.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.