Штотуку објавената и планетарно популарна книга на познатиот италијански писател Паоло Џордано „Во време на епидемија“, по италијанското издание, објавено пред три недели, пред неколку дена излезе во 16 земји, а за неколку дена ќе излезе и во Македонија, во издание на „Македоника литера“.

Дури 31 издавач во 29 земји речиси истовремено ја објавуваат оваа книга. Резултатите се неверојатни: повеќе од 200.000 продадени е-примероци за помалку од дваесет и четири часа по објавувањето во Јапонија и повеќе од 150.000 во Франција за исто време. Веднаш стигна на врвот на топ-листите на најбараните книги. Многу престижни светски дневни весници и списанија веднаш ѝ посветија големо внимание на книгата, отстапувајќи цели страници или и насловни страници. Огромен новински простор отстапија: „Њујорк тајмс“, „Фајненшл тајмс“, „Сандеј тајмс“, „Л монд“ и др.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.