Писателките Маргарет Атвуд и Бернардин Еваристо се добитнички на престижната светска Букерова награда за 2019. Првпат од кога се доделува наградата, жирито ги прекрши правилата и прогласи дека e нерешено. Канаѓанката Атвуд е наградена за романот „Тестаменти“, продолжение на бестселерот „Приказна на слугинката“, додека Британката Еваристо за романот-калеидоскоп на приказни на црномурести жени „Девојка, жена, други“. Авторките ќе ја поделат наградата од 50 илјади фунти на два еднакви дела.

Победата на Еваристо ја прави пионер во оваа награда како прв женски автор со афро-американско потекло кој освоил Букер од самиот почеток на доделување во 1969 како и прв британски автор. На 79, Атвуд е најстариот автор, меѓу сите (не само жени) кои ја освоиле оваа награда. Канадската авторка веќе има една ваква награда во 2000 година, за „Слепиот атентатор” таа е четвртиот автор што два пати има освоено ваква награда.

Правилата на Букер се дека наградата не смее да се подели, но жирито инсистирало дека не може да се одлучи помеѓу двете книги.

Атвуд во 2016 дојде во Македонија како лауреат на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.