Пет филмови денеска, утре и задутре се прикажуваат во рамки на петтото издание на „Фестивал на тркала“. Фестивалските тркала тргнаа од 7 декември во Центарот за култура во Гостивар од каде се стркалаа во Центарот за култура во Неготино.
Во киното при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечерва на програмата се италијанскиот филм „Принцот на криминалот“ и тинејџерскиот филм „Планинско чудо“. Утре на програмата се швајцарскиот филм „Темна судбина“ и германскиот документарен филм „Хитлеров Холивуд“ и задутре ќе биде прикажан швајцарскиот филм „Голијат“.
Филмските тркала продолжуваат да се движат по патиштата низ земјава овозможувајќи им на децата и на возрасните низ републиката причина за уживање во квалитетен филм од најновата европска кинематографија.
Фестивалот го организира продукциската и дистрибутерска компанија „Катавеј“ од Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.