Најмладите денеска од 12 часот може да ја гледаат балетската претстава „Петар Пан“ во Националната опера и балет или да го посетат концертот „Штурецот и мравката“ во соседната Филхармонија.

Петар Пан е палаво момче кое може да лета и магично одбива да расте. Го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров Недојдија. Лидер е на неговата банда „Изгубените момчиња“, заедно со сирени, Индијанци, самовили и пирати… и повремено среќава необични деца од надворешниот свет.

Кореограф на популарната балетска претстава е Џејмс Амар од Франција. Ќе настапат балетски солисти и ансамблот на НОБ.

Напладне ќе почне и „Штурецот и мравката“ – уште еден премиерен концерт за деца кој Филхармонијата го реализира во соработка со НЛБ.

На програмата се дела од Монти, Пахелбел, Штраус, Бернштајн, Сен-Санс, Елгар, Моцарт… Диригент е Елена Митревска, а аниматор е актерот Мартин Јорданоски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.