Андреј Гугнин, еден од најдобрите руски пијанисти вечерва ќе биде солист на концертот на Македонската филхармонија насловен „Пет става во дур“.
Концертот ќе го води диригентот Даниел Рајскин од Русија, а првпат на нашата сцена ќе бидат изведени „Марошек танци“ од Золтан Кодај и Третата симфонија од Петар Илич Чајковски насловена „Полска“. Таа е единствената симфонија на Чајковски со пет наместо вообичаените четири става и поради тоа е избран насловот на концертот.
За македонската публика Гугнин ќе го изведе елегичниот Концерт за пијано и оркестар бр. во 2 А-дур од унгарскиот композитор Франц Лист. Наградуваниот руски пијанист има меѓународна кариера по завршувањето на студиите на Државниот конзерваториум во Москва. Критиката го нарекува „пијанист со брилијантна техника, музичка сензитивност и драматична интерпретација“. Со Македонската филхармонија тој настапи на „Охридско лето“ во 2012 година, а по гостувањето во Скопје му следуваат и други настапи во Европа, како и во Азија и Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.