В петок, 17 јули, во Сули Ан во Скопје, со п0четок во 20 часот ќе се одржи настап на ВИС „Тркалезна маса“ насловен „Песни и звуци од чудната шума“. Овој настан е во рамки на Скопско лето, а вo соработка со фестивалот Денови на македонска музика 2020 и СОКОМ.

Настапуваат:

Ана Голејшка Џикова – вокал
Ѓоко Здравески – вокал
Владимир Лукаш – гитара, мелодика
Васко Марковски – мандолина, мандола
Деан Шкартов – хармоника, сајзер
Душан Кировски – гитара
Перо Сарџоски – кавал, џембе
Владимир Мартиновски – тамбури, удиралки
Ѓорѓе Јовановиќ – усна харфа, ефекти
Круме Стефановски – кахон
Тома Димовски – деф

„ВИС Тркалезна маса“ е група настаната во рамките на четириесетмесечниот поетски маратон „Астални проекции“. Составот обединува писатели, музичари и уметници со различни уметнички искуства, сплотени околу меракот за импровизирана музика, настаната во спонтан дијалог со книжевноста и со омажи на значајни уметници и писатели (Дејвид Боуви, француски надреалисти, Блаже Конески, Лилјана Дирјан). Покрај многубројните концерти во рамки на „Астални“, ВИС Тркалезана маса настапувал на неколку манифестации: Денови на европската култура, Радио Слободно Скопје, АртАреа.

Проектот „Песни и звуци од чудната шума“ е поттикнат од новиот бран на актуелната продукција на поезија за деца. Среде старата скопска чаршија, преку музички пејзажи публиката ќе се воведе во амбиентот на шумата, а ќе се читаат најнови песни за деца, најголемиот дел неодамна објавени во е-списанието „Чудна шума“.

Согласно Протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по симболична фестивалска цена од 100 денари.

Влезниците за настаните ќе се продаваат онлајн преку: kupikartizase.com или во салонот на „Југотон” во Градскиот трговски центар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.