Денеска на „Скопско лето“ ќе се одржи интерактивен перформанс „Актер – човек“ со почеток во 20:30 часот во Куршумли ан. Автор и режија: Теа Беговска, автор на музика: Енес Беговски, дизајн на плакат: Стефани Христов, Играат: Никола Кузелов, Надица Петрова, Даријан Петров. 

Се мразите или се плашите од себе?

Интерактивен перформанс кој нуди бегство од реалноста!

А која е нашата реалност? Зошто го инхибираме животот во време кога сме најсвесни за својата смртност?!

Задоволни сме од својот живот?

Колку се знаеме?

Колку ги познаваме нашите партнери?

Задоволни сте од вашата професија?

Дали сакате простор за да се искажете и ослободите?

Нашите актери ќе ги споделат нивните емотивни борби!

Да се прифатиме, ослободиме и да почнеме да живееме! Заедно да ги тргнеме маските за време од еден час.

Од екипата на интерактивниот перформанс “Јас сум актер човек”.

Театарски перформанс “Актер – Човек“ кој зборува за човечката осаменост, за љубовта, затоа колку се сакаме себеси, колку го сакам другиот до мене. Човек ли сум? Актер ли сум? Актер – човек или човек – актер? Кога си сам со себе си еден човек, кога си надвор си многу луѓе. Овој перформанс обработува мигови од животот на еден човек, што прави кога е сам со себе дома. Сè она што се плашиме да го изговориме на глас, овие луѓе актери ќе го кажат. Публиката е дел од овие приказни, таа ќе биде сведок на секој миг што човекот го поминува кога е сам со себе.

 

Исто така, денеска во рамките на програмата на „Скопско лето“ ќе се прикаже филмот „ПО СТАПКИТЕ НА МОЈОТ ТАТКО“ (LA PELLE DELL’ORSO)(2016), Италија, со почеток во 21:00 часот, на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.