Претседателот Стево Пендаровски заедно со сопругата Елизабета Ѓоргиевска, синоќа во Музејот на современа уметност посетија две изложби поставени во рамки на Викендот на гордоста и во рамки на Биеналето на младите.

 

Претседателот Пендаровски изрази поддршка на годинашното деветто издание на фестивалот Викенд на гордоста што се реализира со низа изложби, концерти и перформанси, а во организација на Коалиција Маргини и ЛГБТИ центарот за поддршка, а во соработка со МСУ и Јадро.

Пендаровски го нагласи и придонесот на меѓународното биенале на млади уметници, мултидисциплинарен настан што се реализира во организација на Музејот на современата уметност – Скопје, како еден од најзначајните настани од областа на современата уметност чија цел е да наоѓа начини и да создава простори преку кои ќе ги претстави новите уметнички насоки на надоаѓачка генерација уметници и куратори.

Освен важноста на пораките коишто се испраќаат, двете изложби претстaвуваат и позитивен пример за соработка на институционалната и вонинституционалната култура во Македонија, соопштија од кабинетот на Претседателот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.