Листата на девет филма од неанглиско говорно подрачје кои се во потесниот избор за најпосакуваната награда Оскар за странски филм ја предводи филмот “Рома“ на мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон, тука е и “Студената војна“ на Павел Павликовски, “Крадци“ на Хиркоазу Кореда… За жал, македонскиот кандидат за Оскар, филмот “Исцелител“ на Ѓорче Ставрески не помина во понатамошната трка за една од најзначајните филмски награди
Листата на овие девет филмови ја предводи фаворитот, филмот “Рома“ на мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон, кој претходно доби Оскар за режија за американскиот блокбастер “Гравитација“. Филмот го освои “Златниот лав“ во Венеција.
И полскиот режисер Павел Павликовски, кој исто така веќе има Оскар за странски филм за “Ида“ е номиниран по втор пат за црно-белата романтична драма “Студената војна#, која проследува животна приказна на двајца љубовници во 50-тите години на минатиот век. “Студената војна“ веќе ја освои наградата за најдобар режисер во Кан и пет европски оскари (филм, режисер, сценарист, актер, монтажа).
Во продолжение на листата се и филмовите на Ли Чанг-Донг, Надин Лабаки, Флоријан Хенкел фон Донерсмарк, Кристина Гаљего и Сиро Гера, Густав Молер Сергеј Двортсевој.
Номинациите за 91. доделување на наградите Оскар во сите категории ќе бидат објавени на 22 јануари, идната година, а свеченоста ќе се одржи на 24 февруари во Лос Анџелес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.