На Меѓународниот саем на книгата во Истанбул, в сабота (2 ноември) со почеток во 17.30 часот, македонските автори Славица Гаџова Свидерска, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Михајло Свидерски ќе се претстават со свои изданија, во рамките на проектот „Претставување на македонски автори во Истанбул“ во организација на издавачката куќа „Восток“.

За потребите на претставувањето пред турската читателска публика и турските издавачи, изготвен е каталог со извадоци од нивните прозни и поетски дела, преведени на турски јазик.

Меѓународниот саем на книгата во Истанбул е еден од водечките светски саеми за книга со посетеност од над милион посетители.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.