Галичка свадба одложена по втор пат, ова вечерва преку статус на Фејсбук го истакнаа од Месната заедница на Галичник. Оттаму велат дека и покрај огромната желба и напорите кои ги направиле за да се создадат услови за одржување на традицијата, сепак, за жал велат, објективните околности бараат од нас да направиме голем компромис.
Општото добро за Галичани било секогаш на прво место! Така и годинава, борбата со Ковид-19 бара колективна дисциплина и одговорност. Меѓутоа, тука не застануваме. Енергијата ја насочивме кон тоа на друг соодветен начин да ја обележиме годинава и притоа и да оставиме траг, спомен. Во моментов ентузијазмот е преточен низ креативен процес на создавање сценарио за документарен филм за Галичник и Галичка свадба, бележејќи ги суптилните, рафинирани и пребогати со симболика и бит обичаи и воопшто магијата на животот во Галичник. Спомнувајќи си за оние кои се борат, се изборија и ја изгубија битката, нивните семејства, посакуваме добро здравје! Се сеќаваме на минати свадби и се радуваме на следни, со поминато премреже и научени лекции! Како што велат нашите: вгодина поздрави повесели!, стои во нивниот статус на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.