Традиционалната културната манифестација Бела ноќ, вечерва се одржува на десетина локации во Скопје.

Централниот настан „Скопските евергрини“ се одржува на паркингот пред СРЦ Борис Трајковски. Најпознатите скопските хитови ги изведуваат најголемите македонски музички ѕвезди, Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Јаков Дренковски, Дарио и други, во придружба на Баги Биг Бендот, под диригентската палка на Љупчо Мирковски.

Поради почитување на мерките и препораките на Министерството за здравство и Град Скопје за заштита од пандемијата на корона вирусот, настаните од Бела ноќ почнаа од 19 часот и ќе траат до 24 часот. Работното време на локалите нема да биде продолжено по 24 часот, нешто што беше вообичаено за минатите Бели ноќи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.