В петок, на 24 декември 2021, со почеток од 19 часот на сцената на Театар за деца и младинци, премиерно ќе биде изведена куклената претстава „Палешка“, во режија на Давор Драгојевиќ од Црна Гора.
Претставата „Палешка“ е ново и модерно читање на истоимената бајка од Ханс Кристијан Андерсен, во која главниот фокус е даден на мајчинската љубов и нејзината сила. Претставата допира актуелни теми во современото живеење и растење на децата како различноста и прифаќањето на различноста кај себе и другите, соочувањето со суровоста на светот во процесот на растење и мајчинската љубов која е тука секогаш да нè заштити и спаси од сите тие опасности. Мајсторски изработените кукли водени со совршена прецизност и чувство од сите актери во екипата на сцената создаваат магија со која ќе се соживеат и децата и возрасните, велат од тимот на претставата.
Покрај режијата и драматизацијата е на Давор Драгојевиќ, додека преводот, адаптацијата и драматургијата е на Драгана Лукан Николоски.
Во претставата играат: Матеа Јанковска, Марија Ѓорѓијовска, Изабела Новотни, Мартин Јорданоски, Емра Куртишова и Петар Стојанов.
Сценографијата, костимите, дизајнот и изработката на куклите се на Кирил Василев, а композитор е Алек Родиќ.
Првата реприза на „Палешка“ е закажана за 25 декември 2021 од 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.