Весна Ѓиновска Илкова, оперската првенка, магистер и редовен професор на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) му пиша отворено писмо на премиерот Зоран Заев, искажувајќи го незадоволството од фактот што синдикатот на Националната опера и балет не се изборило за изедначување на оперските првенци, режисерите, хорот, оркестарот, сценските работници со балетската фела.
Во мојата институција постои огромно незадоволство. Ние како репродуктивни уметници ја создаваме нашата работа на сцената, во моментот, овде и сега. И секоја изведба е различна. Нема вистинска реприза. Вршиме иста дејност, иста работа, подеднаква тежина. Дотолку повеќе што се броиме на прсти ние кои имаме и меѓународни кариери. Носиме голема тежина на работата, големи стресови и одговорности за оправдување на секоја позиција, вели Ѓиновска Илкова во отвореното писмо кое го објави на фејсбук.
Според дена, хорот и оркестарот се единки без кои не се може и тие се обесправени, и јасно е нивното незадоволство.
Диригентите се тие кои ја водат целата музика на сцената. Режисерите се тие кои исто создаваат своја слика на сцената. Ве уверувам, нашата работа е комлексна. Сега сме оставени да се бориме сами и верувам ќе имаме разбирање. Не сакам веќе поделби. Доста беше. Реагирано е на сите инстанци. И до министерството, и до владата. Во трка со времето, Ви се обраќам јавно.
Борец сум во животот и на сцената. Помогнете ни да ја исправиме неправдата, пишува Ѓиновска Илкова до Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.