Актерот Един Јакуповиќ со отворено писмо се обрати да македонската јавност, барајќи помош да ја спаси како што вели самиот „честа на НУ Турски театар Скопје“.
Иако сум невработен во истата институција, поради партиски игри секогаш системот ме отфрлал поради својата природна одлука да застанам ‘карши карши’ со режимот. Од една страна режемски поданици од друга страна јас. Успеавме, паднаа, но набргу истите режимски поданици се насукаа во новата власт! Сега повторно му ја кројат истата судбина на НУ Турски театар Скопје.
НУ Турски театар со 70 годишна традиција на постоење, речеси еден од најнаградуваните театри во државата и репрезент на македонската култура и уметност низ Европа и светот, сега е на маргините на сопственото преживување, смета Јакуповиќ.
Режимските поданици, правеа популистички мерки, но го оставија турски театар без технички кадар! Програмата ја симнаа од од четири на три театарски претстави и на ниту едно уметничко вработување. По падот на режимот првиот назначен в.д. директор успеа за 12 месеци да врати 80 отсто од техничкиот кадар на редовно неограничено работно време без кој театарот не можеше да функционира, да оствари бројни гостувања надвор од државата, еминентни фестивали, барања за нови вработувања, повеќе тетарски проекти активирање на млади уметници и секако најдрагиот детал да ја врати театарска публика во НУ Турски театар Скопје.
Но за жал, повторниот живот на некој очигледно премногу му пречи па реши на брзина да направи серија на бројни притисоци закани и уцени па сите го знаете настанот кој оддекна во тој период кога ВД директорот поради овие причини реши да поднесе неотповиклива оставка, веднаш другите режимски поданици успеаа да увезат повторно друг режимски поданик кој не го интересира институцијата туку само уништување на истата институција! Оваа година театарот доби само еден проект и не успеа да ја реализира годишната програма, нив ги интересираше само реваншизам и лечење на сопствените хирови, му нанесоа непоправлива штета на театарот!
Во оваа институција има плеада на одлични млади веќе искусни актери кои заслужуваат да бидат на пиедесталот на театарската уметност, заслужуваат да бидат лидери а не аутсајдери во уметноста! Ги прашувам јавно членовите на комисијата, дали воопшто не се засрамивте кога го направивте ова културно злосторство!?, се вели во отвореното писмо на Јакуповиќ до јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.