Синоќа, на 13-ти според одредените протоколи за ковид-19, во Горното Фоаје во Младинскиот Културен Центар се отвори првата групна изложба во рамки на проектот „Протоген“, чиј идеен творец е академскиот скулптор Матеа Мијановиќ.
Проектот во насловот ја одредува суштината на идејата, ( Прото-на латински прво и Генеза, скратено, на латински раѓање), односно создавање на услови за развој и рачна изработка на дела, прототипи и пилот линии од сферата на применетата уметност.
На изложбата се претставени селектирани дела на младите скулптори: Митко Дамјановски, Благоја Гроздановски, Дамјан Ристевски и Матеа Мијановиќ.
Матеа Мијановиќ е дипломиран вајар, во моментов изучува постдипломски студии на катедрата за Вајарство на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ. Воедно тој е идеен творец и носител на проектот „Протоген“. Проектот се јавува како наследник на досегашната работа и искуства на Матеа Мијановиќ, кои ги добива во поединечните проекти како Инкубатор Културната Програма и проектот „Стар Современ Град“ ,а идеите за оформување на Протоген произлегуваат директно од работата со млади уметници и согледувањето на нивните потреби во изминатите три години. Мијановиќ се претставува со делото „Процес“.
Дамјан Ристевски е млад академски вајар, тој дипломира на Катедрата за вајарство во класата на Жарко Башески 2020 година. Учесник е на повеќе проекти и групни изложби,а два пати е добитник на наградата за „Млади Уметници“ на Агенцијата за Млади и Спорт во 2019 и во 2020-та година. Примарно се бави со работа во метал, што е видливо и во делото „Отуѓување“ изложено на ПРОТОГЕН изложбата. Делото „Отуѓување“ на Дамјан е коментар за сложените меѓучовечки односи во денешното време.
Благоја Гроздановски е студент на катедрата по вајарство на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, при УКИМ. Тој студира во класата на Беди Ибрахим и досега е учесник на неколку групни изложби. Во ПРОТОГЕН изложбата тој учествува со три дела, „Ослободување“(Бронза), „Торзо“(Гипс) и „Без Наслов“(Гипс). Трите дела се од истражувачка природа, прикажуваат бесконечни органски форми и движења.
Митко Дамјановски е дипломиран вајар на Катедрата за вајарство на Факултетот за ликовни уметности при Уким. Учесник на повеќе групни изложби. Делото „Композициска варијација 3“ на Дамјановски е резултат на долго истражување во неколку материјали, тоа е изработено во дрво, гранит и алуминиум, претставува природни и обработени форми, како комплементарни контрасти на топло – ладно, грубо-рафинирано и природно – обработено.
Проектот го дефинираат неколку јасни идеали. Иновативност, со овозможување продукција на професионално изработени дела од применета уметност, како и пристап до канали за продажба и можност за себе финансирање, и натамошна работа во полето. Воедно проектот понуди продукциско-едукативна насока, како и фокус кон создавање на мрежа за продукција и пласман на млади креативни професионалци.
Делата од изложбата „ ПРОТОГЕН“ од петнаесетти декември ќе можат да се видат онлајн на
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.