Организаторите на третото издание на Фестивалот на светлината „Скопје лајт арт дистрикт 20202“ (SkLAD 2020), што годинава ќе се одржи од 27 до 31 мај, распишаа отворен јавен повик, што ќе трае до 1 март 2020.
Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани автори кои креираат во сферата на светлосната уметност, светлосните инсталации, видео арт технологијата, или пак го користат светлото како главен израз на визуелно и уметничко изразување. За дополнителни информации околу начинот и условите за аплицирање заинтересираните уметници можат да го посетат веб сајтот на фестивалот.
Целта на SkLAD е преку различни светлосни инсталации и перформанси да испрати порака за еколошко одговорни пораки и свест, за помош во заштитата на животната средина и одржувањето на нејзините природни ресурси, со што ќе се потенцираат вредностите кои претставуваат живописен, нераскинлив и повеќе од потребен дел во нашиот град.
Фестивалот на светлината претставува уште една атракција во главниот град, фокусирајќи се на креативната енергија за поврзување на историјата, симболот на градот – стариот Камен мост со убавините на Градскиот парк. Градскиот парк во Скопје, белите дробови на нашиот град, не се само зелена и мирна оаза, туку и уникатно место за уживање за кое треба да се грижиме и на кое треба да бидеме горди, наведуваат организаторите на Фестивалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.