До 10 февруари е отворен повикот што до театарската заедница во земјава го објави Македонскиот центар ИТИ/Продукција, за пишувањето на домашната порака по повод Светскиот ден на театарот, кој ќе се одбележи на 27 март 2023 година.

На повикот може да се пријават драмски академии, театри, фестивали, независни организации, индивидуалци …), но може и да се предложат кандидати – театарски режисери, актери, драматурзи, драмски автори, продуценти, менаџери, театролози, сценографи, костимографи.

Номинациите со име, презиме на лицето кое се номинира, придружувани со со кратка професионална биографија и една фотографија треба да се испратат на мејлот: macedoniancenterofiti@gmail.com, со назнака „За Светскиот ден на театарот – 27 Март 2023 г.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.