Стрип центарот на Македонија синоќа во ликовниот салон во Велес го отвори 17 Меѓународен салон на стрип –„Велес 2019″ на кој на 24 паноа се претставени 30 автори. Изложени се и дела од Втората меѓународна стрип колонија која во Велес се одржа од 21 до 25 август на која учествуваа 16 автори од Финска, Хрватска, Словенија, Србија, Грција и од нашата земја.
Ване Трајков претседателoт на СЦМ-Велес, информираше дека годинава на меѓународниот стрип конкурс пристигнале 175 стрип дела од цел свет. Тој појасни дека ќе биле и повеќе да не била објавена веста дека годинава поради финансиски средства нема да се додели првата наградата Гран при вредна 200 евра, бидејќи подржувачите на манифестацијата Министерството за култура и Општина Велес ги намалиле средствата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.