Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Културно информативниот центар КИЦ од Скопје, и Универзална сала во рамките на манифестацијата „Бела ноќ“ организираат отворање на изложбата „Мал формат“ во сабота 05.10.2019 година во 20 часот во салонот Империал 1 во Културно информативниот центар КИЦ во Скопје.
Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25цм претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка.
На изложбата учествуваат 33 автори-членови на ДЛУМ: Ана Темкова, Дијана Томиќ Радевска, Стефан Димовски, Златко Бојковски, Марина Лешкова, Ацо Таневски, Андријана Мациев, Зуљеха Али, Борче Богоевски, Христина Зафировска, Валентина Илијевска, Мирјана Крстева Массети, Драган Верговски Алпи, Никола Пијанманов, Мира Дуковска, Марија Мицова Гацова, Јакуп Хајро, Пандора Апостолоска Саздовска, Дејан Иванов Маргуш, Слободан Милошески, Агрон Абдули, Силвана Атанасовска, Тања Таневска, Жаклина Глигориевска Кочоска, Петра Јовановска, Перо Кованцалиев, Емилија Божиновска, Душан Георгиевски, Ивона Велковска, Маја Димитрова, Сашо Саздовски, Марија Светиева, Ана Ивановска.
За изложбата „Мал формат“ од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, се додели една награда за „Мал формат“ на авторот Валентина Илијевска, а од страна на Културно информативниот центар КИЦ ќе се доделат три награди: “Вангел Коџоман”, “Адем Кастрати” и “Константин Мазев-Коце”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.