Унгарската Амбасада Во Скопје во соработка со Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, oрганизира отворањето на изложбата „Будимпештански приказни“, која се реализира во рамките на манифестацијата „Унгарски недели во Македонија“.

Изложбата од познатите унгарски фотографи Имре Кински и Ото Кајзер ќе биде отворена на 02.05.2019 (четвроток) во 19:00 часот во Уметничката Галерија во Тетово.

На изложбта ќе се обратат директорот на Уметничката Галерија г-дин Решат Пајазити, авторот на изложбата Ото Кајзер, Амбасадорот на Унгарија во нашата држава Н.Е. Ласло Дукс и градоначалничката на општина Тетотво Теута Арифи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.