Вечерва, со почеток од 20 часот во МКЦ (Галерија) ќе се отвори групната изложба „4 пати слобода“.
„4 пати слобода“ е заеднички проект на 4 ликовни уметнички, кои потекнуваат од различни културни средини, од различни етникуми, со различен ликовен сензибилитет и визуелен пристап. Едно нешто заедничко е тоа што се жени и делат сродни размислувања за важноста и ексклузивноста на слободата на жената во потрадиционалните општества, како и општествата од каде што доаѓаат и самите. Станува збор за Јана Јакимовска, Шќипе Мехмети, Снежана Мелник и Ала Хвастунова; првата е Македонка од Скопје; втората, Албанка од Кичево; третата, Украинка од Брјанка; четвртата, Русинка од Јарослав.
Различни во својата визуелно-медиумска експресивност и начин на пренесување на мислата, но единствени во ставот дека борбата за феминистичките права, за еднаквоста, за слободата на сите жени, за свесноста за својата телесност, еротичност, табуата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.