Претставата „Четири соби“ во режија и адаптација на Синиша Евтимов која требаше да се одигра на 29 октомври (петок) во Македонски народен театар (МНТ) е откажана поради здравствени проблеми на еден од актерите во претставата, соопштија од националниот театар.

Средствата од купените билети ќе бидат рефундирани на публиката, велат од МНТ и додаваат дека цела претстава била распродадена.

Премиерата на „Четири соби“ се одржа на 27 мај годинава на големата сцена „Петре Прличко“ во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес.

Претставата  е работена според мотиви од сценариото на истоимениот култен филм од 1995 година. Станува збор за четири приказни што се случуваат во една новогодишна ноќ, сместени во четири различни соби на еден хотел.

Костимографијата и сценографијата за претставата се на Александар Ношпал, музички соработник е Сашко Костов, а улогите ги толкуваат: Фаик Мефаилоски, Самоил Стојановски, Маја Љутков, Симона Димковска, Зорица П. Панчиќ, Кети Борисовска, Талија Настова, Жарко Спасовски, Исидор Јовановски и Благојчо Стојанов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.