Од Кинотека на Македонија соопштија дека поради прогласените два дена на жалост се откажуваат вечерашните проекции на филмовите.

Поради Ден на жалост прогласен од страна на Владата на Република Македонија вечерашните проекции од 18:00 и 20:00 ч се откажуваат. Филмот ИВАН ВАСИЛЕВИЧ ЈА МЕНУВА ПРОФЕСИЈАТА во режија на Леонид Гајдај ќе го прикажеме на 25.02. во 18:00 ч, а филмот ДАЛИ СИ ГО ВИДЕЛ МОЈОТ ФИЛМ? во режија на Пол Антон Смит ќе го прикажеме утре,16.02., сабота во 20, ви благодариме на разбирањето, велат од Кинотека на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.