На врвот на Водно вечерва, во 22,30 часот ќе се прикаже данскиот филм „Уште една тура“, годинашен добитник на „Оскар“ за најдобар странски филм во рамки на 20. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ кој е во тек на неколку локации на отворено во Скопје.
Денеска на Синедејс во кино „Фросина“ во 12 часот се прикажа „Харминиите на Веркмајстер“ од унгарскиот режисер Бела Тар. Филмот беше во придружната програма, а потоа во 15 часот е предвиден онлајн мастерклас со Тар.
Во Градски парк, во гала програмата во 20,30 часот е филмот „Мејнстрим“, а во 22,30 е „Збогум СССР“.
Во Парк Ибни Пајко во 21 часот е „Збогум Џони“, а 23 е „Во сенките“.
Во Кино МКЦ Парк од 21,30 е италијанскиот фим „Сестрите Макалузо“ во гала-програмата, а од 23,30 на СинеМјузик е „Свемирко“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.