Непознат сторител извршил оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што биле оштетени 10 потпорни носечки столбови.
Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера околу 11:00 часот во СВР Скопје, од страна на директорот на Конзерваторскиот центар – Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Министерството за култура со осуда на вандализмот Аквадуктот
Министерството за култура енергично го осуди вандалскиот чин на оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што се оштетени 10 потпорни носечки столбови.
Во соработка со Управата за заштита на културното наследство, Конзерваторскиот центар –Скопје Општина Карпош, Министерството за внатрешни работи и Министерството за култура, по извршениот увид преземени се итни мерки за превентивна заштита и се обезбедени засилени патроли за безбедност на Аквадуктотот кој е заштитено културно наследство од прва категорија, соопштија оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.