Некогашниот член на групата „Анастасија“, гитаристот Златко Ориѓански се произнесе со свој став околу целосната ситуација со распределбата на финансии од Министерството за култура за проекти.
Според него, треба да се вложува во нешто што ќе роди светска вредност, во некаква светска серија, филм, музика.
Рита Ора, Бебе Реџа, Дуа Липа пукаат низ цела планета, а ние се занимаваме со доделените средства за театарчето во Зајас, дали ќе тераме пајдушко или шота. Тоа е тој провинцијализам од кој никако да се ослободиме. Грешни мерки, тесна слика за светот, локално делување, разединеите и поделени, совршена подлога за создавање селски наместо светски производи. Вложувајте пари во нешто кое ќе роди светска вредност, направете некоја светска серија, филм, музика. Не туку фрлајте пари во некој Тале или Ајет оти многу сака да глуми пред мајка му. Аман од тој ваш локал патриотизам, сељачизам, 21 век е денес, отворен пазар и натпревар“, напиша Ориѓански на својот профил на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.