Националната опера и балет ја најави изведбата на операта „Евгениј Онегин“ на 24.1.2020 (петок) со почеток во 20 часот.
Операта „Евгениј Онегин“ е жестока претстава за љубовта и страдањето. Eпска димензија на вечната потрага по љубовта, но и на вечниот круг на страдањето на Онегин, Татјана, Олга и Ленски…
Работена е според поемата на најголемиот руски поет и основачот на модерната руска литература Александар С. Пушкин и музика од Петар Илич Чајковски, во режија на Дејан Пројковски, сценографијата е на Валентин Светозарев, костомографија Марија Пупучевска, кореографија Олга Панго. Диригент: Иван Еминовиќ, а настапуваат: Ларина: Марика Поповиќ, Татјана: Сандра Митровска, Олга: Николина Јаневска, Филипјевна: Соња Пендовска Мадевска, Ленски: Дарко Нешовски, Евгениј Онегин: Борис Трајанов, Принц (Кнез) Гремин: Евгениј Станимиров (Бугарија), Капетан: Диме Петров, Зарецки: Борко Биџовски, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Национална опера и балет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.