Опера и балет во вашите домови вечерва со ДОН КИХОТ – Лудвиг Минкус.

Волшебна приказна за ветерници, „совршената“ жена, вистинската љубов и сето она помеѓу. Балетско дело поставено на музиката на Минкус со експресивно темпо кое резултира со познатиот Don Q pass de deux, кој дава акцент на целата претстава.

„Дон Кихот“ е балет во три чина базиран на познатиот истоимен роман од Мигел де Сервантес. Во него Минкус се покажува како одличен балетски мајстор и познавач на танцовиот стил. Во музиката, полна со мелодичност, силен ритмички пулс и чисти хармонски структури тој јасно го одразува духот на своето време.

Диригент: Бисера Чадловска
Кореограф: Виктор Јаременко (Украина)
Сценограф: Андреј Злобин (Украина)
Костимограф: Гана Ипатиева (Украина)
Репетитори: Тања Вујисиќ Тодоровска, Снежана Филиповска, Лора Тарчуговска

Настапуваат:
Китри: Александра Мијалкова
Базил: Васил Чичијашвили (Грузија)
Еспадо: Бобан Ковачевски
Мерцедес: Ивана Коцевска
Улична: Ивана Коцевска
Дон Кихот: Славчо Димовски
Санчо Панса: Лора Тарчуговска

Ученици од ДМБУЦ – Илија Николовски Луј

Балетскиот ансамбл и оркестарот на Опера и балет



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.