14 ЧАСА – современ балет на музика од Кирил Џајковски, кореографија: Игор Киров вечерва со онлајн премиера во 20 часот.
YouTube линк за претставата: https://youtu.be/2zhDii7c818
Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографијата се на Игор Киров, костимите на Александар Ношпал, а режијата и либретото на Наташа Поплавска.
Низ синџир од 12 сцени, преку ликовите на Лили и Марк, ова современо балетско дело ги прикажува женско-машките односи.
Настапуваат: Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Ангела Велевска, Васил Чичијашвили (Грузија), Бобан Ковачевски, Игор Веланоски, Јан Кисилев, Трајче Стојковски.
Инспирирано од дуетот „Not too close“ на долунаведената авторско – изведувачко дуо Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили. Ова современо балетско дело низ синџир од 12 сцени ќе ги разработи женско – машките односи преку ликовите на Лили и Марк.
[ОПЕРА И БАЛЕТ
ВО ВАШИТЕ ДОМОВИ 🎼💃🎶]💃14 ЧАСА – современ балет
Музика: Кирил Џајковски /
Кореограф: Игор Киров…Posted by Nacionalna opera i balet – National Opera & Ballet on Sunday, April 26, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.