Годинава театарот „Војдан Чернодрински”, Меѓународниот ден на театарот – 27 Март ќе го одбележи на поинаков начин. Претставата „Пиреј” во режија на Љупчо Ѓоргиевски беше прикажана онлајн вчера вечер.
Поради пандемијата претставата не може да се прикаже во просториите на театарот па затоа љубителите на театарската уметност ќе можат да ја погледнат онлајн преку нивниот јутјубe канал или нивната Фејсбук страница.
Претставата преку паралелни сцени кои ги отсликуваат животните приказни на сопружниците Јон и Велика еден на фронт, а друг во селото, дава две перспективи. Ликот на Велика е симбол за секоја македонска жена од тоа време која постојано добива безмилосни судбински удари, војната ѝ зема сѐ, а таа пак продолжува да се бори.
Главните улоги ги играат: Марија Спиркоска Илиjеска–Велика Мегленоска, Александар Степанулески– Јон Мегленоски. Во останатите улоги се: Катерина Чакмакоска Клинческа – Уља, Зоран Иваноски –Мирче, Игор Трпчески–Капетан Мирковиќ, Марјан Чакмакоски– Дуко Вендија..
В недела, прилепскиот театар ќе прикаже претстава за најмалите со почеток од 12 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.