Со проекција на култниот филм „До последен здив“ на Жан-Лик Годар (1960) со Жан-Пол Белмондо и Жана Сиберг, в понеделник, на 18 октомври, во 20 часот, во Кинотека на Македонија, Францускиот културен центар му прави омаж на големиот француски актер. Бројот е ограничен на 50 посетители.
Вторник наутро, Марсеј. Мишел Поакар краде возило на американската армија и по автопат поаѓа во правец кон Париз. Изнервиран од еден Ситроен што не сака да претекне камион, Мишел претекнува среде кривина, а полицаец на мотор веднаш почнува да го следи. Мишел, во паника, пука во полицаецот и бега. Следното утро, пристигнува во Париз и ја запознава американската студентка Патрисија, со која започнува слободна љубовна врска. Таа сака да стане новинарка, а за да ги плати студиите на Сорбона, продава Њујорк Хералд Трибјун на Елисејските полиња…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.