Олга Панкина е годишниот добитник на највисоката награда за превод „Златен витез“ на истоимениот Дванаесетти меѓународен книжевен форум во Русија.
На оваа голема меѓународна манифестација се доделуваат награди за повеќе уметнички области. За номинација за литература, оваа година пристигнале над 400 дела.
Се радувам што го добив „Златниот витез“ токму како преведувач чиј труд обично останува во сенка, кој е помалку забележлив, но, не е помалку важен и тежок од писателскиот. Среќна сум што со своја преведувачка активност придонесувам за популаризација на македонската книжевност на руските jазични простори, за единство на словенскиот свет, за зближување на словенските литератури, култури и народи – вели Панкина.
Претходно и други македонски автори добивале награди на овој престижен книжевен форум. Во 2017 година Ристо Никовски стана лауреат во номинацијата „Публицистика“, а во 2018 година Влада Урошевиќ ја освои највисоката награда за поезија.
Двете дела на наградените македонски автори биле во превод на Олга Панкина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.