Охриѓани организираат протест за нелегалната градба на Алипашината џамија. На социјалните мрежи во групи граѓаните се организраат да го кренат својот глас против дивата градба на 32 метри високото минаре во центарот на Охрид.

Според најавата, која читатели ја  испратиле до Охриднет.ком протестот, што беше закажан за  денеска (17 мај), петок, напладне пред општина Охрид, е одоложен за понеделник во истото време на истата локација.

Кога институциите одлучија да молчат и да бидат неми сведоци на безаконието на поединци, кои се дрзнуваат да уништуваат заштитени споменици, народот е должен да преземе мерки, велат револтирани граѓани за Охриднет.

Причина за одлагањето според исказите на нашите читатели е тоа што протетстот не бил навремено најавен во полиција.

Сегашните најави за масовен протест се за понеделинк  20 мај во 12 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.