Деновиве Драмски театар Скопје гостуваше на „Охридско лето“ со премиера, но состојбата на Охридскиот театар ги згрози актерите. Ирена Ристиќ на својот фејсбук профил ја покажа со фотографии и другата реалност со која се соочувале, како што пишува , покрај тремата и адреналинот пред премиерата.

Еве ја и онаа другата реалност со која се соочувавме у бекстејџот, покрај тремата и адреналините…
Та, нели, другари сме и све си делиме…

Покрај гадостиве на сликиве кои ни беа секојдневие дури бевме на проби у театарот у Охрид, редно е да се каже и тоа дека од фестивалот Охридско лето никој не дојде да не удостои со едно здраво, како сте, дан требит нешто, од театарот дојде само еден дечко кој фактички и не е вработен таму, а не се најде ниту јунак да им каже на околните кафанџии дека песните од типот “отвори ми бело Ленче” и “пајдушкото” кои трештеа на сет глас, не се соодветни за припрема и одржување на тензијата на сцена… не се појави ниту селекторот на фестивалот.
Заменикот министер за култура, кој се појави на нашата премиера (оној кој со службено ауто помина на две полни линии, ви текнува) допушената цигара ја фрли на земја и ја изгаси со нога.

Инаку, да, премиерата на #NSFW во изведба на екипата на Драмски, помина фантастично, пред преполна сала и со стоечки овации.

Тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.