Советот на општина Охрид на седница со 20 гласа за го прифати предлогот на в.д. градоначалникот Константин Георгиески со кој се усвои одлука со која општината повеќе нема да смее да финансира и субвенционира настани и манифестации кои се одржуваат во периодот од 15 јули до 15 август кога е шпицот на туристичката сезона.

Како што и претходно најавија од ВМРО ДПМНЕ и тие гласаа по оваа точка и дадоа поддршка, со што дефинитивно се става крај на делењето милиони денари на приватни компании за организирање концерти и фестивали во Охрид.

Минатата година за оваа намена Охрид подели околу 7 милиони денари, од кои само на „Авалон продукција“ и биле дадени околу 2 милиони денари, а истата таа фирма сега должи за користење на стадионот 820.000 денари плус камата и е дадена на извршител.

 

извор: скопје1.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.