Со СДСМ и градоначалникот Георгиески правиот пат значи кратење на два и пол милиони денари за реконструкција на домовите на култура во Љубаништа, Кошишта и Радојца Новичиќ, велат од Ок ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Оттаму потенцираат дека „Охрид и светот нема да видат Монографија за градот и промоција на културно историско наследство и природни убавини на Охрид“.

Зошто се кратат сретства за издавање Монографија за црквата „Свети Јован Богослов-Канео”? Зошто нема поддршка и развој на филмската уметност преку Францускиот филмски фестивал и Балканскиот филмски фестивал? Санацијата и одржување на споменици ќе почека подобри времиња. Зошто ги кратите средствата за поддршка на литературни изданија посветени на Охрид? СДСМ крати средства за поддршка на млади и издавање научни и литературни дела за значајни охридски културни, историски и научни дејци.
СДСМ и Георгиески кратат на литературна дејност за поддршка на млади литературни автори и поддршка на литературни изданија на роднокрајните писатели. СДСМ и Георгиески не се грижат за промоција на културното наследство на Охрид и за издавачката дејност. Со СДСМ и Георгиески нема поддршка за културата, реагираат од партијата, соопштија од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.