Јуболејниот концерт на Весна Гиновска Илкова е одложен согласно препораките на Владата.
Ве известуваме дека согласно одредбите и насоките на Министерството за здравство, но и како совесни граѓани, го одложуваме јубилејниот концерт на Весна Гиновска Илкова.
Ќе ги следиме насоките на здравствените институции и дополнително ќе ве известиме за нов термин на концертот.
Воедно, известуваме дека сите што до сега купиле билети за концертот можат да ги вратат во Купи Карти за Се или да ги задржат и истите да важат за новиот датум.
Ви посакуваме добро здравје, чувајте се и да се видиме што поскоро!, соопштија организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.